Дали би се осмелиле да го облечете фустанот во кој Кајли Џенер оди „на работа“? (ФОТО)
Моден предизвик
Најмладата, но и највлијателна сестра, кога станува збор за Инстаграм, од кланот Кардашијан-Џенер, Кајли Џенер (23) се’ што ќе објави на својот инстаграм-профил предизвикува восхит кај нејзиниот многуброен аудиториум.
Па така, неодамна, милијардерката позираше во просториите на својата компанија за козметички производи „Кајли бјути“ и „заработи“ неколку милиони лајкови за само 12 часа…
Фустанот што го носеше никого не остави рамнодушен. Нејзиното позирање беше во многу провокативни пози и сите гледаа во бујните гради на Кајли.
И малкумина би се осмелиле да го носат она што го носеше, а се чини дека фустанот ѝ беше толку тесен што едвај седеше во него.
Со малку напор – бидејќи, сè за убавина – успеа да ги полуди фановите и да собере многу милиони лајкови и ентузијастички коментари од обожавателите.
Фото: Printscreen Instagram