Овие мажи ѝ го скршија срцето на Џенифер Лопез (ФОТО)

Па доста пати ѝ било скршено...

Веста за раскинувањето, па за смирувањето на Џенифер Лопез и Алекс Родригез не’ поттикна да направиме ретроспектива на љубовните избори на 52-годишната актерка и пејачка, која негува долгогодишни врски, но, за жал, без среќен крај…

Имено, првата сериозна врска Џенифер ја имаше во раните 20-ти години од својот живот со Дејвид Круз, нејзиното момче од средно училиште. Врската траеше десет години, а нивната младост и неискуство резултираа со раскинување.

Тој ме познава подобро од секој друг“,  го пофали таа во една пригода, а, за жал, Дејвид почина минатата година на 51 година.

Три години по разделбата со Дејвид, Џеј Ло пронајде утеха во кубанскиот келнер Ошани Нои (46). Го запозна во еден ресторан во Мајами, и набргу се венчаа во 1997 година. Брачната среќа им траеше само десет месеци.

Неколку години подоцна, тој сакаше да ја открие нивната блискост во неговата книга, а подоцна се закани дека ќе објави експлицитно видео. Судот го спречи тоа, а Џенифер доби надомест за нарушување на угледот.

Џеј Ло и раперот Паф Диди беа во врска две години и раскинаа поради неговото неверство.

Никогаш не го ‘фатив’ со жена, но едноставно знаев дека ме изневерува. Тој ќе ми речеше дека оди во клуб со пријателите, а потоа немаше да дојде дома цела таа ноќ, па дури и неколку дена“, рече таа тогаш.

Во септември 2001 година, таа се омажи вторпат. Нејзиниот избраник беше танчерот Крис Џад (51). Тие се запознаа на снимањето на нејзиниот спот Love Don’t Cost a Thing. Таа и Крис издржаа осум месеци во брак.

Набргу по разводот, Џеј Ло се вљуби во актерот Бен Афлек (48) додека ја снимаа комедијата „Гигли“. Таа врска ја обележа нејзината кариера. И двајцата беа под лупа на јавноста, што им го даде прекарот Бенифер. Тој се појави во нејзиното видео за Jenny from the Block и беа омилена двојка. Афлек ја запроси во 2002 година со дијамантски прстен од 1,2 милиони долари.

Тој е тој, се надевам дека наскоро ќе основаме семејство“, возбудена  беше Џенифер пред венчавката што беше најавена за 14 септември 2003 година во Санта Барбара. Три часа пред венчавката, се случи шок. Бен ја откажа венчавката.

 

 

Мислев дека нашата врска е бајка. Фантазирав за деца, а тој ме понижи како никој друг во мојот живот“, призна тогаш таа.

Ниту Бен не ѝ остана должен. Тој често зборуваше дека таа врска го задушувала и дека медиумите се виновни за нивното раскинување бидејќи постојано ги следеле. Тој дури и ја обвини пејачката дека неговата кариера стагнирала поради врската со неа.

Никој не ми го скршил срцето како него. Бен ми беше пријател, се познававме со години. Јас навистина го сакав“, откри таа.

Но само два месеци подоцна, папараците ја фотографираа во прегратките на друг пријател, пејачот Марк Ентони (52). Таа тврдеше дека ќе останат заедно засекогаш. Тие се венчаа тајно во јуни 2004 година и со него ги доби близнаците Ема и Макс (13). Се разведоа во 2011 година, наводно поради нејзиното неверство и афера со Вилијам Леви.

Разводот навистина ме скрши. Моето семејство е сè, но се распаѓаше. Лежев во кревет беспомошно, но кратко. Не ја изгубив вербата во љубовта“, рече Лопез и додаде: „Сакам да бидам во брак и сакам повторно да застанам на луда карпа. Сè уште не знам кога, но важно е дека не сум ја изгубила вербата“, рече тогаш таа.

Неколку месеци подоцна, Џенифер му го подари своето срце на младиот танчар и актер Каспер Смарт, а потоа беше сама една година пред да се сретне со „нејзината сродна душа“ Алекс Родригез, со кого, пак, љубовната приказна започна во 2017 година, а се познавале од порано.

Алекс изјави во раните 2000-ти дека „Џенифер Лопез е неговата жена од соништата“. Во 2019 година, Алекс ја запроси Џенифер на Бахамите, но венчавката беше одложена двапати поради пандемијата на коронавирусот.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.