Бикини слават 75 години постоење, а еве како ги носат најзгодните модели во светот

Бикините го добиле името по остров во Тихи Океан, а денес им се најверен придружник дамите за време на одморите.

Современите бикини, женски дводелен костим за капење, настанале во Франција, а за тоа е заслужен Луј Реар, кој на почетокот на јули 1946 година, на модната ревија во Париз првпат го прикажал тој изум – бикини.

Малите бикини на Реар во тоа време биле светски скандал за кој пишувале весниците. Во Европа биле забранети, поради тоа што Ватикан, како и владите на Италија, Шпанија и Белгија, ги прогласиле за непримерни.

Исто така, иако биле по потекло од Франција, ниту таму не било одобрени.

Иако настанале во 1946 година, бикините не биле многу популарни сè до 1953 година.

Имено, кога актерката Брижид Бардо првпат во јавноста носела бикини, тие станале задолжително парче на секоја жена во текот на летото и одморите.

Ги обожаваат и манекенките, а во продолжение погледнете како ги носат тие:

Адријана Лима

Алесандра Амбросио

Ешли Греам

Жизел Бундшен

Емили Ратајковски

Бела Хадид

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.