Ако се чудевте што е ова на главата на Јелена Карлеуша, го имаме одговорот: Еве од кого го „ископирала“ (ФОТО)
Вила - самовила
Јелена Карлеуша е позната како ѕвезда со сопствен и оригинален стил, која често пати прва го носи, па дури и ги диктира светските модени трендови на овие простори. Затоа, многу често го копираат нејзиниот стајлинг.
Меѓутоа, се случува дури и дивата да ископира некого, односно да пронајде инспирација кај некоја светски позната колешка, како, на пример, британската моделка и актерка Емили Ратајковски.
Ја забележавте сличноста, нели? Станува збор за необичниот моден додаток, кој Емили го носеше премиерно на „Мет-гала 2019“, а Јелена Карлеуша вчеравечер на роденденската забава во дворот на својот дом.
Фото: Инстаграм