Време е да им кажеме збогум на тесните модели: Ова се единствените фармерки што ви требаат!

Моден тренд

Веќе неколку сезони наназад се најавува крајот на владеењето на тесните фармерки, кои со години се на модната сцена, а меѓу првите што ги облече е модната икона Кејт Мос

Легендарната британска манекенка ги носеше на свој кул начин во комбинација со балетанки, што набрзо стана неизбежна модна униформа на градските улици ширум светот.

Сепак, по долго време на тесните фармерки им помина рокот, а по широките фармерки како што се boyfriend и mum џинс, се враќаат моделите со широки ногавици какви што често носи младата манекенка Каја Гербер, наследничка на супермоделот Синди Крафорд, која од мајка ѝ не ја наследила само убавината, туку и фантастичното чувство за стил.

https://www.instagram.com/p/CE7PbPIhuDi/

Слатката бринета често ги вклучува во своите комбинации легендарните старки, кои ѝ се заштитен знак, но и фармерки со рамни ногавици кои се шират кон дното, во подобрена и модерна верзија – модел што ја издолжува фигурата и ја прави повита.

Веќе некое време ваквите модели можеме да ги видиме на познатите дами, како Кендал Џенер, сестрите Хадид и Хејли Болдвин, а веруваме дека удобните пошироки модели на фармерки ќе ги гледаме и во наредните месеци.

https://www.instagram.com/p/CDUw9rRnwuU/?utm_source=ig_embed

Ако не сте сигурни како да ги носите, ваквите ретро фармерки инспирирани од модата во 1960-те и 1970-те одлично изгледаат во комбинација со потпетици, гломазни патики, чизми…

Кој модел најдобро ви стои: Одберете крој на фармерки според градбата на телото
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.