Се чувствувате понапнато од вообичаено? Еве зошто се случува тоа и како да го поправите

Корисни совети

Фото: Getty Images

Годината 2020 збуни и потресе многу луѓе. Толку многу тешки работи се случија во последните шест месеци, но и покрај ова, многумина имаат чувство дека не се помрднале од место од март.

Ова лето беше најчудно за многумина досега, некои не беа во можност да го доживеат, а некои ги бројат деновите во страв од пандемија. Сето ова придонесе за општа нервоза, конфузија, загриженост и напнатост. Ако се чувствувате како да сте многу понапнати од вообичаеното во последно време, не сте сами. Многумина се во иста ситуација, а ние ви подготвивме четири едноставни начини да си помогнете во моментите на напнатост и страв.

Најдете време за себе

Многу луѓе, иако се целосно свесни за тежината на своите чувства, постојано ќе повторуваат дека едноставно немаат време за себе. Во денешно време, кога мултитаскингот стана начин на живот и кога нашите распореди се преполни, веќе се утврди мислењето дека „времето за себе“ е луксуз. Но, исто така можете да одвоите време за себе и вашите мисли под туш. Под туш може да имате разговор со себе, да проверите како сте, да медитирате, да дишете длабоко и да се ослободите од сè што е акумулирано во текот на денот. Времето поминато под туш е совршено за да им се посветите на сопствените емоции и мисли.

Излезете на воздух

Излегувањето на воздух не мора да значи долги прошетки во природа или пешачење. Важно е да се оддалечите од куќата или станот. Прошетајте во најблискиот парк, изгубете се во соседството или, ако имате, седнете во дворот гледајќи во облаците. Времето поминато на чист воздух често е најдобриот лек за немир во главата.

Тргнете се од телефонот

Паметните телефони станаа дел од нас. Без нив не излегуваме од дома, ги носиме во тоалетот, ги загледуваме додека се бањаме и несвесно ги користиме дури и кога сме во друштво. Честопати не сме свесни колку сите информации што ги апсорбираме преку телефон и Интернет можат да нѐ исцрпат. Обидете се да го оставите телефонот исклучен најмалку еден час на ден. Искористете го тоа време за да излезете од дома, да правите хоби што долго време сте го занемариле или да се опуштите со музика. Ова ќе ги наполни вашите батерии.

Плачете

Оваа година се случија многу тешки и грди работи во светот. Интернетот нè потсетува на ова од ден за ден. Пандемија, земјотреси, загуби на најблиски, отпуштања од работа – ова се само некои од предизвиците и трагедиите со кои се соочија многумина од нас. Без разлика дали станува збор за туѓа лоша вест, експлоатацијата на децата од страна на големите компании, расизмот, природните катастрофи, личните порази – сето тоа се работи што постојано ги апсорбираме и се исполнуваме. Кога чувствувате дека ви е доста – плачете. Плачете за другите, плачете за светот, плачете за тажните филмови, плачете за себе. Со плачењето ќе се испразните, плачот секогаш помага.

Прочитајте и: Рецептот за среќа на Ајнштајн: Секое утро поставувајте си го ова прашање!

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.