Користете ги овие два рецепта за да направите вкусен домашен кечап и сенф

Две одлични додатоци на многу јадења може да се направат дома без многу проблеми и нема сомнение дека домашната верзија е секогаш подобар избор од купената.

Домашен сенф

Состојки: 1/3 чаша семе од синап, 3 лажици сув сенф, 1/2 чаша оцет, 1/2 чаша темно пиво, 2 чешниња лук, 1/4 чаша кафеав шеќер, 3/4 лажичка сол, 1/2 лажичка ѓумбир во прав, 1/4 лажиче пимента

Подготовка: Во сад измешајте семе од синап, сув сенф и оцет. Покријте го садот со проѕирна фолија и оставете го да стои на собна температура три часа.

Во тава на среден оган, пржете ги пивото, лукот, шеќерот, солта, ѓумбирот и пимента и додадете ја смесата од синап. Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и варете уште пет минути.

Домашен кечап

Состојки: 20 домати, кромид, црвен пипер, 1 и 1/2 лажички семе од целер, лажичка семе од синап, лажичка пимента, стапче цимет, чаша кафеав шеќер, 1 и 1/2 чаши оцет, лажичка бибер

Подготовка: Сите домати, кромид и пиперки во тава, испасирајте го зеленчукот и вратете сѐ во тавата. Гответе го пирето еден час. Ставете семе од синап и целер, пимента и цимет во мала газа и врзете ги во „вреќа“. Во зеленчукот додадете шеќер и „вреќата“ зачини и варете на намалена температура 25 минути. Додадете оцет и црвен пипер и варете додека сосот не се згусне.

Истурете го кечапот во три жешки стерилизирани тегли и добро запечатете. Гответе 10 минути во врела вода. Користете го кечапот откако отстои една недела. Отворениот сос чувајте го во фрижидер и неотворените тегли до една година на темно и ладно место.

Прочитајте и: Богата солена торта од палачинки: Сите ќе ви бараат рецепт!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.