Кој модел најдобро ви стои: Одберете крој на фармерки според градбата на телото

Трик за совршен изглед

Изборот на вистинскиот модел на фармерки понекогаш е вистинска ноќна мора за жените

На секој облик на телото му прилега поинаков модел на фармерки. Ако направите добар избор, може да ги намалите колковите, визуелно да ги издолжите нозете, па дури и да изгледате повитко.

Нареден пат кога ќе купувате фармерки, водете се според овие совети…

  • Секоја сезона се менуваат трендовите, но секогаш треба да се водите исклучиво според градбата на телото.
  • Додека ги пробувате, секако дека би требало да седнете во нив, да се прошетате и да се наведнете. Ако ви се прават набори под половината или на задникот, ви треба или помал број или друг крој.
  • Ако имате поголеми облини, фармерките би требало да бидат со висок струк, за да ги нагласите.
  • Нагласете ги долгите нозе со тесен џинс.
  • На поголем задник не стои добро светол тексас.
  • Високо поставените џебови визуелно го подигнуваат задникот.
  • Избледениот тексас е одличен за жените со впечатлив горен дел на телото.

За дамите со пополна фигура

На пополните фигури најмногу им одговараат фармерки со широки ногавици кои што ќе ја изедначат фигурата од колковите надолу.

Одберете фармерки со висок струк кои ги покриваат евентуалните недостатоци. Токму со тоа ќе направите задникот да ви изгледа помал, а колковите потесни.

Девојките со пополна фигура би требало да носат потемен џинс во кој сите изгледаат значително повитко. Нека бидат со рамен крој или малку потесни.

Фармерките со низок струк се одлични за сите девојки со просечна градба со малку поголем задник.

За ниски девојки

На ниските девојки со поситна градба најдобри им стојат тесни фармерки со низок струк.

Девојките со вита фигура и долги нозе по правило можат да носат секаков модел, па може да се поиграат со ретро-ѕвонарки.

Ако имате рамен, односно „детска“ форма на телото, фармерките со средно висок струк ќе направат фигурата да ви изгледа позаоблена.

Широки ногавици за крушковидна форма на телото

Ако имате крушковидна форма на телото, тесни рамена и нагласени колкови, носете фармерки со понизок струк и трапезовидни ногавици.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.