Во овој фустан и со вистинската фризура, и на 68 години изгледа како девојка: Модна десетка за Брижит Макрон!

Одличен избор

Со фантастичниот фустан, првата дама на Франција ги обула своите омилени чевли на висока потпетица

Брижит и Емануел Макрон во Елисејската палата ги угостиле претседателот на Аргентина Алберт Фернандез и неговата сопруга Фабиола.

Брижит за оваа пригода ги обула своите омилени потпетици, моделот Eyeline од црна кожа на модната куќа „Луј Витон“. Овие салонки се одликуваат со врвна елеганција, а дополнителна доза на луксуз им дава златниот детаљ над потпетиците од десет сантиметри.

Со отмените потептици, Брижит носела и фустан во препознатливиот моден стил на француската прва дама, кој се одликува со чисти линии и шик едноставност.

Модните комбинации на првата дама на Франција секогаш се многу едноставни и префинети, но секогаш содржат и детаљ што ги прави интересни и шик.

Кај овој фустан во придушена зелена боја и со рамен крој, кој ја следи линијата на телото и има должина до колена, тој детаљ се волуминозните ракави во ретро-стил, кои на овој инаку „строг“ модел му даваат и романтична нота. На Брижит одлично ѝ стоела и младешката фризура – коса врзана во полуопавче што ги брише годините.

Оваа фризура и изборот на фустан ѝ оделе во корист на Брижит Макрон – на 68 години изгледала како девојче благодарение на нив.

Брижит Макрон (67) се среди за прошетка со кучето: Модно издание за десетка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.