Годишните одмори го зголемуваат имунитетот, ја зајакнуваат желбата за секс, им помагаат на кожата и косата

Фото: Getty Images

Покрај тоа што се релаксираме (од секојдневниот живот) на одмор, стануваме и посреќни, а придобивки има и нашиот имунитет! Благодарение на сето тоа + свеж воздух и сонце, сексуалната желба е посилна.

Повеќе од половина од луѓето на возраст од 16 до 44 години велат дека недостигот на одмор во последната година негативно се одразил на нивното ментално здравје – покажаа неодамнешните истражувања.

Од зголемување на желбата за секс до ефект врз растот на косата и намалување на ризикот од срцеви заболувања – има многу придобивки што ги дава одморот.

„Бројни медицински студии покажуваат дека одењето на одмор може да го намали ризикот од депресија, прегорување и срцеви заболувања. Не мора да биде долг одмор. Краткиот може да биде исто толку корисен“, рече д-р Дебора Ли.

Предности на годишниот одмор:

Го подобрува менталното здравје: Дури и самото резервирање патување може да има позитивни ефекти врз менталното здравје. Може да се чувствувате помотивирано и концентрирано, а исто така може да ве одвлече од секојдневниот стрес.

Ја зголемува сексуалната желба: Многу повеќе слободно време и авантуристичко чувство се некои од причините зошто желбата за секс расте на одмор.

Влијае на растот на косата: Сончевата светлина е најдобриот извор на витамин Д, кој може да го подигне расположението, да го зајакне имунитетот – и исто така може да помогне при раст на косата. „Косата расте побрзо во состојба на мирување, бидејќи потоплото време го стимулира производството на кератин – главниот протеин во косата“, додаде д-р Ли.

Го подобрува здравјето на забите: Витаминот Д исто така може да ги задржи коските и забите здрави, а заедно со калциумот ги зајакнуваат забите и го намалуваат ризикот од расипување.

Го подобрува целокупното здравје: Одморите можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања и депресија, како и да го подобрат здравјето на мозокот.

Радикална релаксација: Повеќето луѓе се враќаат од одмор со пониско ниво на стрес и крвен притисок. Стресот е позната причина за висок крвен притисок, а високиот крвен притисок е главната причина за срцеви и мозочни удари.

Го подобрува квалитетот на спиењето: Се покажа дека одморот го подобрува квалитетот на спиењето. Истражувањето откри дека квалитетот на сонот кај учесниците кои заминале на годишен одмор се подобрил за 17%.

Свиленкаста мека кожа: Сонцето понекогаш може да дејствува како „лек“, но важно е да не претерувате и доколку имате проблеми со кожата побарајте совет од лекар. Ако одлучите да одите на одмор на море, морската сол е полна со минерали, вклучувајќи магнезиум, калциум, натриум и калиум и сите тие играат клучна улога во здравјето на кожата. Прекумерното изложување на сонце може да биде штетно затоа – бидете внимателни, ставајте крема за сончање и следете ги советите на вашиот лекар.

Прочитајте и: Дали сте нерасположени наутро? Еве како да постигнете здрава рутина во утринските часови

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.