Славиме роденден! Во продажба е 150-от број на „Убавина и здравје“

Драги наши, најтиражното списание за жени го прославува 150-от број, па по тој повод се потрудивме да ви обезбедиме содржини и совети кои би го задоволиле вкусот дури и на најпребирливите читателки. И подароци, се разбира!

Верувам дека ве изненади нашата насловна страница. Невообичаена за „Убавина & здравје“, но за нас ова мајско издание е посебно – славиме 150-ти број!

Секогаш кога обележуваме важен јубилеј, целиот тим сака да направиме интересно, иновативно и поинакво од она на што сте навикнале од нас. Редовните читателки веројатно се сеќаваат дека пред три години славевме 10-годишен јубилеј и по тој повод направивме 10 различни насловни страници со 10 домашни популарни девојки и жени. Направивме и гала-забава. (Текстот продолжува по огласот)

Поради здравствените препораки, овој пат забавата ќе изостане, но барем јубилејот нема да биде незабележан.

На насловната страница посакавме да се најде дигитална илустрација на фотографијата од насловната на првиот број на „Убавина & здравје“ (јуни 2008 година). На неа во златен костим блескаше бразилската топ-моделка Изабел Гулар (37).

Таа и понатаму е мегапопуларна, а на Инстаграм секојдневно споделува фотографии со своите милиони следбеници, од кои гледаме дека овие изминати 13 години не промениле ништо на нејзиното совршено тело. За нас тоа е прекрасно, но покрај грижата за себе, она што во суштина сакаме да го прават годините за секоја од нас е да растеме, да искачуваме скалила кон она што за нас е некаков врв. Да бидеме сѐ подобра верзија на себеси, исполнети и секако – успешни. А

за тоа е потребно да го следиме чекорот на времето, но потребни се и многу други нешта за кои зборуваа 10 прекрасни жени во темата што е поврзана со насловната и овој јубилеј (стр. 30).

Од наш агол порачуваме: Времето нека ни биде пријател! Како на модата, таа секогаш флертува со него, патува низ декадите, па донесува стил од иднината, за повторно да го извади на површина шармот на некое минато време. Модата знае и да обедини и поврзе генерации (стр. 58).

 

Секогаш можеме да прочепкаме низ плакарите и да осмислиме наново комбинација со некои заборавени парчиња, или да креираме свој омилен ретро-изглед (стр. 70).

Грижете се за себе со помош на иновативните препарати, но и со старите добри домашни третмани (стр. 44).

Прославете ги вашите важни датуми и јубилеи со раскошни и елегантни јадења што ќе ги приготвите сами (стр. 102). А покрај сите овие честења на духот и телото, да не заборавиме да се придвижиме (стр. 75), за да изгледаме добро и по наредните 13 години, како Изабел J.

Во духот на новото време, многу уметници ја пренесоа својата уметност во дигиталниот свет (стр. 96), па затоа се одлучивме за таков тип илустрација на фотографијата од насловната. А во согласност со трендовите, Александра малку ги измени фигурата и дизајнот на костимот.

Текст: Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Илустрација: Александра Дичоска @diartbar

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.