Брижит Макрон (67) се среди за прошетка со кучето: Модно издание за десетка!

Совршено ги носи младешките трендови

Таа секогаш привлекува внимание

Брижит Макрон (67) обожава едноставни и елегантни модни парчиња, кои секогаш привлекуваат многу внимание во Франција, но и ширум светот.

Првата дама на Франција привлекла погледи и за време на прошетката со своето куче Нема, по Елисејските полиња во Париз, каде што ја разгледувала изложбата на отворено на белгискиот уметник Фелипе Гелуко.

На тој познат паришки булевар, биле изложени дваесеттина бронзени статуи направени според неговиот популарен стрип-серијал La Chat, кој го објавувал во склоп на весникот La Soir, во период од 1983 до 2013 година.

За таа пригода одбрала многу опуштено, но впечатливо издание, на кое доминирале парчиња во нејзината омилена темносина нијанса која често ја носи, без разлика дали оди на важна државничка посета со сопругот или на лежерна прошетка.

Првата дама заблескала во тесни панталони кои ги комбинирала со кадифени чизми до глужд на висока потпетица, а кои визуелно ѝ ја продолжиле целата фигура.

Изданието го надополнила со едноставна памучна маица, предимензионирана пелерина и црн шал.

Секако, на лицето носела заштитна маска, без која не може да се замисли сигурното излегување на отворено поради пандемијата на коронавирус.

Чизмичките што Брижит Макрон ги обожава: Одлично одат со фустани, панталони и здолништа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.