Чизмичките што Брижит Макрон ги обожава: Одлично одат со фустани, панталони и здолништа!

Ви се допаѓаат?

Брижит Макрон посетила едно училиште во Париз во знак на поддршка за Европското здружение за леукодистрофија

Првата дама на Франција разговарала со учениците за подигнувањето на свеста за менталните болести, а како поранешна професорка им дала и диктат.

И за оваа пригода Брижит Макрон се држела до својот препознатлив моден стил кој е спој на лежерен е деловен изглед. Француската прва дама носела комплет сочинет од струкирано сако со пепито дезен украсено со големи златни копчиња и елек со истиот дезен, кој го облекла врз обична бела маица.

https://www.instagram.com/p/CGPU1jmgDWG/

Со тесните црни панталони облекла црни чизмички до глужд во глам-рок стил, стилизирани со две металик златни ремчиња и со копчиња и на висока блок-потпетица.

Ваквите чизмички навистина не се обувки какви што можат да се видат на првите дами, но Брижит Макрон ги понела фантастично. Станува збор за ефективен модел кој може да се носи во секојдневни модни изданија, со фармерки, панталони, фустани, здолништа…

https://www.instagram.com/p/CGPUtrug91B/

Како ви се допаѓа овој изглед на првата дама на Франција?

Брижит Макрон во прекрасен капут кој ретко го купуваат жените: Дали е време да се промени тоа?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.