Викторија Бекам ги знае сите модни трикови: Овој модел на фармерки најдобро ја издолжува фигурата!

Вечна инспирација

Секоја модна комбинација на Викторија Бекам е дефиниција за елеганција

Викторија Бекам (47) важни за вистинска модна икона, па нејзините модни комбинации се инспирација за дамите ширум светот.

Сопругата на легендарниот фудбалер Дејвид Бекам била фотографирана во еден хотел во Менхетен во ефектно издание. Викторија облекла свилена кошула украсена со карнери на предната страна, а врз неа бело сако со класичен крој.

Облекла фармерки со трапезоиден крој со пошироки ногавици кои визуелно ја издолжуваат фигурата.

Модната дизајнерка знае дека со нив најдобро одат потпетици и платформи, па одбрала кафеави сандали со платформа, кои дополнително ја издолжиле фигурата.

Стајлингот го заокружила со кафеава чанта што ја носела преку лакотот. Покрај заштитната маска во црна боја, носела и црни очила за сонце кои го надополниле целиот стајлинг.

Модна икона: Омилените стилски трикови на Викторија Бекам (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.