Модна икона: Омилените стилски трикови на Викторија Бекам (ФОТО)
„Препишете ги“ од неа!
На почетокот на кариерата, кога беше член на популарната женска музичка група „Спајс грлс“, денес популарната дизајнерка и сопруга на бившиот фудбалер Дејвид Бекам, Викторија, често беше нарекувана најлошо облечена ѕвезда.
Сепак, денес таа е горда носителка на титулата „модна икона“. Имено, денес Викторија важи за една од најдобро облечените славни жени, а најчесто носи свои креации. Текстот продолжува по огласот…
За разлика од дречливите комбинации во минатото, сега претпочита минимализам и, каде и да се појави, изгледа беспрекорно.
Ова се нејзините омилени стилски трикови:
1 Никогаш нема да направите грешка со едноставни и еднобојни парчиња. Лесни се за комбинирање и просторот за грешка е многу мал.
2 Се чини дека кошулите ѝ се омилено парче облека на дизајнерката, особено оние пошироките. Викторија најчесто ги комбинира со панталони или здолништа до колената.
3 Викторија е позната и по црните комбинации кои секогаш прават да изгледа елегантно.
4 Одвреме-навреме, Викторија уште носи впечатливи бои, но секогаш одбира еднобојни парчиња.
5 Викторија дефинитивно ги прослави костимите за жени и можеби најчесто ја гледаме во вакво издание.
6 Фармерки со маичка или џемпер е секогаш одлична комбинација.
7 Високи потпетици или елегантни рамни чевли, големите очила и елегантните чанти се препознатлив дел од стилот на Викторија.
Фото: Инстаграм, Getty Images