Актерот Џејмс Вудс (74) се свршил со 42 години помладата Сара: Сите се смеат поради честитката што му ја упатила Шерон Стоун!

Се шушка

Изгледа дека оваа приказна многу му се допаѓа на Холивуд

Актерот Џејмс Вудс (74) е во центарот на вниманието поради свршувачката со Сара Милер (32) која е цели 42 години помлада од него.

Писателката изгледа му кажала „да“ на постариот актер кој во Холивуд е познат по љубовта кон младите девојки.

Актерот среќните вести ги објавил на социјалните мрежи, а Шерон Стоун му напишала:

„Честитам, речиси личи на жена! Што се случува тука…“

Џејмс ја игнорирал замерката со зборовите:

„Здраво убава! Ја обожавам! И таа е девојка од Пенсилванија. Порасна во шума. Твојата книга е одлична, ја препорачувам.“

Во Холивуд се шушка дека Џејмс живее на работ на педофилија, па не се зборува јавно за неговиот вкус за жени.

Пред оваа врска, Џејмс бил со Кристен Бугес, а двојката првпат се прошетала на црвениот тепих во 2013 година. Џејмс тогаш имал 66 години, а таа само 20. Таа година сите зборувале за тоа дека Џејмс сака помлади девојки.

Меѓутоа, за нештата да бидат полоши, актерот пред Кристен излегувал со Ешли Мадисон, која тогаш имала само 19 години. По седум години, двојката се разделила.

Пред 20 години ги менувал жените како чорапи, а сега живее со 27 години помлада сопруга: „Мислев дека не е фер да ја оженам“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.