Вака сигурно не треба да излезете на улица: Сања Кужет е цел на критики заради обувките, погледнете што носи на нозете! (ФОТО)

Што мислите вие?

Изгледот на водителката на „Ѕвездите на Гранд“ наголемо се коментира.

Со оглед на тоа што е многу активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, секоја објава на Сања Кужет, водителка и заштитно лице на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, привлекува големо внимание и предизвикува многубројни реакции, а една од главните и најкоментирани теми се нејзините модни избори.

Атрактивната бринета, која на ТВ ја гледаме претежно во елегантни изданија, како што ѝ доликува заради емисијата што ја води, позната е и како голем љубител на спортските активности, кои делумно се заслужни за нејзината совршена фигура, а често ја гледаме и во опуштени изданија каков што е случајот со фотографијата настаната за време на нејзината прошетка со постариот син и домачното милениче.

Имено, водителката се одлучила за необична комбинација на неспоивото. Црвената тренерка со сини нитни на страна Сања ја усогласила со бели патики и бела спортска блуза, а за потребите на Инстаграм, го позајмила качкетот од својот син од првиот брак, Андрија, поради што изгледаше како мало девојче.

Ништо немаше да биде чудно доколку водителката не одлучеше целиот стајлинг да го комплетира со елегантна темносива јакна и кралско-сина скапа чанта, поради што нејзиниот избор изгледа доста екстравагантно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.