Престанала да ја мие косата со течен шампон и сите мислеле дека има надградба: Овие 2 производа за брз раст ќе ве воодушеват!

Неверојатно!

Новинарка открила феноменален трик за брзо растење на косата и тврди дека ѝ станала многу погуста и свиленкаста

Новинарката Џордан Паркер Ерб една година користела цврст шампон и регенератор наместо течни производи, без да претпостави какви ефекти ќе има тоа на нејзината коса. Резултатот ја оставил без зборови, а целото нејзино искуство ви го пренесуваме во целост.

„Пред повеќе од една година престанав да користам речен шампон и балсам и преминав на цврсти шампони и регенератори. Во декември, другарка ми што ја немав видено со месеци ми го даде најголемиот комплимент што некогаш сум го добила: ‘Дали твојата коса е вистинска?’

Како човек кому косата му расте со брзина на полжав ми беше возбудливо што некој ме праша дали носам екстензии. Не само што тоа беше мојата вистинска коса, туку беше таква поради два производа кои станаа мојот свет грал: цврст шампон и регенератор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Parker Erb (@jordieparkerr)

Неволно ги испробав цврстите производи додека бев во посета кај мојата мајка, која стана вистинска експертка за нив откако ги доби како божиќен подарок од баба ми. Сега сите три користиме цврсти производи и покрај тоа што секоја од нас има различен тип на коса.

Во текот на 2020 и 2021 година носев боб-фризура. Дури кон средината на 2021 година одлучив да ја пуштам косата, неколку месеци подоцна преминав на цврст шампон. На мое изненадување, прилично брзо ја забележав разликата во косата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Parker Erb (@jordieparkerr)

Сега, исправена, косата ми е до лакти – раст што му го припишувам, барем делумно, на користењето сув шампон и регенератор. Исто така, мислам дека косата ми е погуста и посвиленкаста за разлика од порано. Одбегнувањето хемикалии никогаш не ми било приоритет и секогаш сум ги купувала најевтините производи за миење коса што сум можела да ги најдам во маркет.

Но откако ги купив цврстите производи првпат минатата година, научив повеќе за парабените – вештачки хемикалии што често можат да се најдат во козметиката – ја променив мојата перспектива во однос на тоа што барам во производите за коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Parker Erb (@jordieparkerr)

Се обидувам да ја мијам косата само два пати неделно, што значи дека морам да купам производи само на секои шест или седум месеци – многу поретко одошто кога користев шампони и балсами во пластични шишиња. Единствениот проблем е во тоа што последните неколку недели цврстите шампони се распаѓаат на сè помали и помали делови, што ги прави тешки, а на крајот и невозможни за употреба.

Цврстиот шампон и регенератор можеби не се за секого, но не мислам дека некогаш ќе им се вратам на течните производи“, јасно заклучила новинарката.

Зошто косата паѓа И ШТО МОЖЕМЕ ДА ПРЕЗЕМЕМЕ?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.