Совршен стајлинг за жени во зрелите години: Кралицата Летиција направила полн погодок!

Модните критичари се воодушевени

Уште еднаш заслужила чиста десетка

Оваа жена навистина знае да се облече добро. Како по обичај, кралицата Летиција (48) уште еднаш ги воодушевила модните критичари со модниот избор и покажала како треба да се облекува една добро стилизирана жена во зрелите години.

Овој пат ни даде предлог за малку посвечена пригода. Таа одбрала фустан што го нагласува струкот во бордо боја, која особено добро им стои на жените со кафеава коса.

Поради ролката, во овој фустан фигурата изгледа подолга, а благодарение на самиот крој, вака облечена, секоја жена изгледа повита.

Бордо-црните салонки со високи потпетици го надополниле целиот стајлинг на вистински начин и придонеле фигурата да ѝ изгледа уште поскладно.

Дали и вам ви се допаѓа ова модно издание на кралицата Летиција?

Совршена силуета: Кралицата Летиција во плисирано омбре-здолниште (ФOТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.