Сите зборуваат за танцот и стајлингот на Јелена Карлеуша на роденденската прослава на нејзините ќерки (ФОТО+ВИДЕО)
Ова е нејзиниот најдобар моден додаток
Јелена Карлеуша ќерките ги става на прво место во својот живот. Секоја година, таа и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ на своите галеници Атина и Ника им приредуваат спектакуларна роденденска забава.
И оваа година не се откажаа од таквата традиција, па по повод прославата на 12-от и 11-от роденден на ќерките организираа спектакуларна забава во дворот на својата куќа на Сењак.
View this post on Instagram
Happy Birthday girls @karleusastar #jelenakarleusa #karleusastar #atinainika #birthdaygirls
Душко Тошиќ од оправдани причини не можеше да присуствува на прославата, земајќи предвид дека игра фудбал во Кина, но затоа популарната пејачка се потруди да им организира роденден од бајките. Целиот простор беше украсен со розови и сини тонови, а друштвото го забавуваа и аниматори.
Роденденските торти беа на неколку ката, посебно декорирани, и никого не оставија рамнодушен, вклучуваќи ги и пресреќните славенички.
Гордата мајка блескаше. За оваа свечена пригода избра комплет – кратко здолниште и топ од штрас со реси.
Иако внимаваше на секој детаљ од својот стајлинг,сепак најубавиот моден додаток беше нејзината насмевка. А најголемо внимание привлече и нејзиното расположение.
Фото и видео: Инстаграм