Идеален стајлинг за ниски дами: Ева Лонгорија ги засенила сите кога се појавила во црно од глава до пети

Ја истакнува половината

Ева Лонгорија знае како на совршен начин да ги сокрие сите недостатоци и да ги истакне атрактивните облини

Почесна гостинка на традиционалната чајанка на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) во луксузниот хотел на Беверли Хилс, била актерката Ева Лонгорија која заблескала во црна модна комбинација од глава до пети.

За овој опуштен собир на познатите, таа одбрала проѕирна кошула со извезени цветови. Ја искомбинирала со сирена-здолниште, кое исто така ги имало истите детали како и блузата.

Не отстапила многу ни кога станува збор за обувките, па се одлучила за класични салонки во истата боја. Целиот стајлинг го зачинила со залижана пунџа и дискретен накит.

Ева не ја симнувала насмевката од лицето, а со помош на ефектната шминка, ги засенила сите присутни, и покрај навидум едноставниот стајлинг.

(ФОТО) Ќе ви се заврти во глава од фустанот на Ева Лонгорија
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.