Сите занемеле кога се појавила таа: Вака се постигнува изглед од милион долари!

На Венецијанскиот фестивал

Го освоила црвениот тепих

Манекенката Аризона Мјуз (31) на црвениот тепих во Венеција буквално им го одзела здивот на сите присутни со својата појава.

Кога се појавила на премиерата на филмот Miss Marx во црвено од глава до пети, сите објективи на фотоапаратите и сите погледи на присутните биле вперени во нејзината раскошна тоалета со потпис на дизајнерката Алберта Ферети, со длабоко деколте кое го криеле суптилните бранови на широките прерамки.

https://www.instagram.com/p/CE5hkAcnEzv/

Впечатливиот фустан ја истакнал витата половина на манекенката, а долниот дел, кој исто така бил надополнет со разиграни детали, оставил впечаток како Аризона штотуку да излегла од бајка.

Со олку убав фустан не ѝ требале многу детали за да го комплетира стајлингот – доволен бил раскошниот дијамантски ѓердан, едноставните обетки и деликатниот прстен, како и сосема едноставните сандали со високи потпетици во беж нијанса.

https://www.instagram.com/p/CEw4ejxH_7S/

Најубавиот детаљ на лицето на манекенката била волшебната насмевка која не ја симнувала од лицето, очигледно свесна за својата убавина. А во согласност со актуелната епидемија на коронавирус, го носела и задолжителниот детаљ – црвена заштитна маска за лице.

Дали ви се допаѓа стајлингот на Аризона Мјуз?

Кога таа зачекорила на црвениот тепих, настанал општ метеж: Не престанува да се зборува за нејзиниот фустан!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.