Вака изгледаат Французинките кога никој не ги гледа: Еве зошто важат за најдобро облечени жени
Како ви се допаѓа нивниот стил?
Ако се прашувате како се облекуваат Французинките кога никој не ги гледа, продолжете со читање
Со оглед на тоа што важи за една од трите најголеми модни метрополи, Париз може да се пофали со жени со стил, кои изгледаат беспрекорно и во наједноставните модни комбинации.
Интересно е што жените на улиците во Париз секогаш изгледаат префинето и дотерано, од што може да се заклучи дека одличниот вкус им се всаден од мали нозе.
Познато е дека парижанките обожаваат детали кои можат да го истакнат и наједноставниот стајлинг, а освен со беретки, тоа го прават и со шешири, шалови или капи во боја.
View this post on Instagram
Парижанките знаат дека кожата секогаш е во мода и ја комбинираат на најдобриот начин.
View this post on Instagram
Тоа дека парижанките не претпочитаат дезени, е само уште една предрасуда во низата. Тие обожаваат да го збогатуваат својот основен стајлинг со парчиња со интересни шари или материјали, кои му даваат боја и разиграност на целосниот изглед.
View this post on Instagram
Без оглед на годишното време, тренч-мантилот прави секоја комбинација да изгледа елегантно. Без разлика дали ќе го облечат преку џемпер, панталони и чизми во зима или преку бермуди и маица налето, ова парче е класик за Французинките.
View this post on Instagram
Монохроматските комбинации со ексцентрични бои им се омилени на парижанките за на модна ревија.
View this post on Instagram
Не само што Французинките ги исполнуваат нашите модни очекувања – тие и ги надминуваат – секогаш и на секој чекор.
Коментарите се заклучени.