ПРЕКРАСНА: Еве зошто годините за Софија Вергара се само број во нејзината лична карта (ФОТО)
Отмена и елегантна
Холивудската актерка Софија Вергара пред два дена прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите Nickelodeon Kids’ Choice во Лос Анџелес, и дефинитивно беше ѕвезда на вечерта. Вакво едноставно и убаво издание, совршено усогласено со пригодата, одамна немаме видено.
Софија покажа дека годините се навистина само бројка во личната карта и дека слободно може да застане рамо до рамо со многу помладите колеги.
Оваа 50-годишна дама блесна во бело од глава до петици, докажувајќи дека помалку е навистина повеќе!
Вергара изгледаше совршено во белите панталони со широки ногавици, кои ги надополни со асиметрична блуза на едно рамо.
Ова издание на најдобар начин ја истакна нејзината убава, хармонична фигура, но ја направи да изгледа неверојатно отмено и елегантно, а сепак урбано и младешки.
Актерката не претера со детали, па комбинацијата ја заокружи само со впечатливи обетки со розови циркони, а убавината ја истакна со одлична шминка и бујна, фенирана коса.
View this post on Instagram
Дали ви се допаѓа ова издание?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм