Откриено е кој е партнерот на Тамара Калиниќ: Дали ова е причината зошто го криела толку долго?! (ВИДЕО)
Погледнете
Тамара повеќе не крие дека љубовта ѝ цути, односно дека е среќна и вљубена
Тамара Калиниќ успешно го криеше идентитетот на нејзиниот дечко од очите на јавноста. На нејзиниот инстаграм-профил можевме да ја видиме само неговата рака или фигура, но никогаш лицето.
Сега одлучила да покаже како изгледа нејзиниот сакан. Штотуку објавила видео на кое јасно се гледа како Филипо ја бакнува.
View this post on Instagram
Иако Тамара често го крие ликот на својот партнер со разни емотикони на социјалните мрежи и го крие својот приватен живот како змијата нозете, јавноста сепак успеа да дознае дека нејзиниот избраник е бизнисменот Филипо Теста.
Светските медиуми многу пишуваа за нивната врска, а на Јутјуб може да се најдат и снимки кои го откриваат идентитетот на мистериозниот Теса, маж во модната индустрија.
https://www.youtube.com/watch?v=iNe0erYmNSE
Поради него, наводно, се преселила во Франција, а на социјалните мрежи никогаш не го покажала целосно.
„Мојот партнер е најневеројатното човечко суштество што некогаш сум го сретнала. Љубезен, полн со љубов, секогаш мисли на мене, лојален, забавен, пристоен, џентлмен, вреден, бизнисмен“, истакнала Тамара во едно интервју кога зборувала за својот партнер.
Со оглед на тоа што многу нејзини следбеници сакаат да го гледаат на профилот на Тамара, многумина ги протолкувале постапките на инфлуенсерката како „негово криење од јавноста“. Сепак, инфлуенсерката неодамна во подолго стори објаснила дека тоа не е случајот, туку дека секој си ја води својата кариера и дека нејзиниот партнер не е јавна личност.
„Не го кријам мојот дечко, но и не го истакнувам на социјалните мрежи, бидејќи сметам дека тоа не е дел од мојата работа, дека мојата приватност не спаѓа во тоа со коешто се занимавам јавно. Тоа не значи дека љубоморно го чувам од сите.“
Инфлуенсерката за сега цврсто се држи до својот став дека не го покажува партнерот во јавност, но не е потполно сигурна дали еден ден ќе го промени мислењето и ќе ги изненади следбениците со фотографија во негово друштво.