Овие хеланки повторно се во мода: Носете ги секаде, но само вака!

Дали ќе го испробате овој тренд?

Од година во година, модните трендови и фаворити постојано се менуваат

Постојаните промени на најпопуларните трендови и модели се она што го прави модниот свет возбудлив и интересен, а во нашиот плакар носи доза на освежување. Секоја нова сезона носи нова модна приказна, во која главните улоги ги играат токму тие најпопуларни модни парчиња, додатоци и трендови. Покрај неочекувани новитети, модните куќи и брендови во своите колекции секогаш враќаат и некои стари, подзаборавени модни фаворити.

Покрај модните новитети со акцент на удобноста и очекуваното враќање на пролетните класици, меѓу кои се истакнуваат сестраните фустани и романтични блузи, на листата на најпопуларни модели за пролет 2021 се истакнаа и хеланките со ластик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danielle Bernstein (@weworewhat)

Во 1990-те години, тие беа непресушен извор на модна инспирација за модните куќи, дизајнери и брендови. Моделите што оваа пролет накратко ќе нè вратат во 1990-те и ќе ни разбудат носталгија, се панталоните и хеланките со лента околу стапалата.

Иако ги немаме видено во модниот свет од крајот на 1990-те, овие хеланки повторно го најдоа своето место на листата на модни фаворити и во плакарите на трендсетерките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kasia Szymków (@jestem_kasia)

По големите промени во модниот свет што ги донесе 2021 година, модните брендови бараа како да ги направат поинтересни едноставните, удобни и лежерни модели. Обичните хеланки и удобни панталони набрзо ги заменија моделите со додаток лента околу стапалата. Иако предизвикаа критики од страна на бројни скептици, модните трендсетерки во нив пронајдоа совршено парче кое дури и наједноставната комбинација може да ја направи малку поинтересна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Vukušić (@i.vukusic)

Како ќе ги носиме овие хеланки оваа пролет?

Со едноставни маици, тексас јакни или пролетно плетиво за да креираме лежерна викенд-комбинација или удобен деловен изглед за работа од дома. За излегување во град или во канцеларија, од плакарот ќе ги извлечеме панталоните со лента околу стапалата кои ќе ги комбинираме со пролетни блузи и кошули или со едноставна маичка и кардиган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Babba C Rivera (@babba)

Како ви се допаѓа овој тренд?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camille Charriere (@camillecharriere)

Нијансата на лимон е главната боја оваа пролет
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време