Кралското семејство објавило необична фотографија од војвотката: Кејт Мидлтон станува авторка на книга!

Дознајте повеќе

Во текот на изминатава година, која на сите ни ги промени животите, војвотката од Кембриџ била окупирана со учество во разни хуманитарни организации

Посебно се издвоила една од хуманитарните организации што се вика Hold Still, а настанала во соработка со National Portrait Gallery. Идејата била жители на Велика Британија да ја фотографираат својата дневна рутина за време на пандемијата на коронавирус и вкупно биле собрани 31.000 фотографии.

Најдобрите дела осамнале на виртуелна изложба во споменатата установа, но и на билборди низ градот, како своевиден придонес за заедницата. Доколку сакате да дознаете повеќе детали за ова, поточно улогата на Кејт Мидлтон во овој проект, продолжете со читање.

Како што веќе споменавме, одредени фотографии особено го трогнале жирито, па нивните автори ќе добијат заслужен простор во книга која ќе биде објавена на 7 мај, на истиот ден кога започнала акцијата минатата година. Фотографиите ќе бидат отпечатени на цела страница, но и на билборди ширум кралството.

Според официјалното соопштение за медиумите, целокупниот приход ќе биде наменет за да им се помогне на уметничките проекти и на проектите за одржување ментално здравје.

Кејт Мидлтон со своите воведни зборови им го порачала следново на идните читатели на оваа книга:

„Кога по неколку децении ќе помислиме на пандемијата на вирусот ковид-19, ќе се сетиме на предизвиците со кои се соочивме – најдрагите што ги изгубивме, долготрајната изолација и семејството и пријателите кои не ги гледавме, но и на притисокот врз вработените во здравството и другите неопходни дејности“.

Потоа го додала и следново:

„Но, ќе можеме да се сетиме и на некои убави работи: гестовите на љубезност, на сите волонтери и херои што доаѓаат од различни области на животот и како сите заедно се обидовме да го прифатиме новиот начин на функционирање.“

Кенсингтонската палата објавила спонтана фотографија од војвотката во нејзиниот дом во Норфолк, каде што живее со своето семејство овој период. Кејт во своето обраќање го порачала и следново:

„Се надевам дека стоте одбрани фотографии ќе ги доловат преживеаните искуства и емоции на овој досега незапомнет момент во историјата, потоа ќе им оддадат признание на сите оние што придонеле за зачувување на здравјето на луѓето што ги опкружуваат и сите заедно да застанеме и да си замислиме дека сме над овој неспоредлив период.“

Мајката на Кејт Мидлтон изгледа неверојатно на 66 години: И двојно помлади жени би ѝ позавиделе поради изгледот!

Мајката на Кејт Мидлтон изгледа неверојатно на 66 години: И двојно помлади жени би ѝ позавиделе поради изгледот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.