Најдобро облечената жена на светот ги претстави сите трендови во еден стајлинг: Ова се единствените парчиња што ви требаат!

Погледнете!

Со секоја нејзина појава, манекенката Роузи Хантингтон Вајтли станува вистински пример за девојките ширум светот

Нејзиниот нов изглед не е исклучок! Во петокот присуствувала на настан на Ботега Венета во Лондон, а нејзиниот елегантен изглед би можел да биде вистинска инспирација за вечерен есенски стајлинг.

Роузи Хантингтон Вајтли ја одбрала најсестраната облека за есенско одење на социјален настан – долг свиленкав капут во камел боја. Остатокот од облеката бил во црна боја – долгите панталони со прорези и елегантната ролка го направиле стајлингот особено елегантен.

https://www.instagram.com/p/CGRvLpJnu9F/

Изгледот на Роузи Хантингтон Вајтли совршено го надополниле сандалите со правоаголен врв и црната пространа чанта на масивен синџир.

Поранешната моделка на брендот „Викторија Сикрет“ не заборавила на додатоците: белегзијата од злато и ѓерданот ја направила комбинацијата уште пософистицирана.

https://www.instagram.com/p/CGOcxQSgjU5/

Како ви се допаѓа ова издание на познатата манекенка?

Ирина Шајк ја диктира модата: Ова е единствениот модел на обувки што ви треба сезонава!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.