Ирина Шајк ја диктира модата: Ова е единствениот модел на обувки што ви треба сезонава!

Ултимативен тренд

Овој модел стана особено популарен минатата година, а ништо помалку актуелен нема да биде ни оваа есен

Оваа есен ќе бидат актуелни најразлични стилови, од женствени до моторџиски.

Од една страна, во тренд ќе бидат балетанки, додека еднакво популарен ќе биде и овој модел што Ирина Шајк го прошетала по улиците на Лос Анџелес.

Бајкерките ни оваа сезона нема да го напуштат модниот трон и ќе играат важна улога во формирањето на стајлингот. Совет на модните експерти и е да се носат речиси со сè, а особено во комбинација со женствени фустани. Овој контраст на разиграни и бунтовнички парчиња изгледа одлично!

https://www.instagram.com/p/CDlqQHFJX02/?utm_source=ig_embed

Ако барате совршен есенски пар обувки, одберете бајкерки. Дефинитивно се исплати да инвестирате во нив, бидејќи може да се носат на многу начини и во многу пригоди.

Ова ќе биде најпопуларниот пар обувки наесен: Женствени чевли што одат на сè!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.