Модниот совет што го добила од баба ѝ и ден денес не го заборавила: Еве зошто Брижит Макрон носи мини-сукњи!

Дознајте повеќе

Брижит Макрон, француската прва дама, редовно е мета на модните критичари кои често ѝ приговараат за нејзините модни избори

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон никогаш не им обрнувала внимание на модните критики на нејзина сметка. Во минатото често ѝ приговараа поради тесните фармерки, здолништа и фустани над колена, кожени панталони…

Првата дама на Франција и на настанот со име Generation Equality Forum во Елисејската палата му останала доследна на својот препознатлив моден израз во кој преовладуваат чисти линии, класични кроеви и базични бои.

Темнозеленото сако со златни копчиња, Брижит Макрон вешто го споила со здолниште над колена во темносина нијанса, бела маица и салонки.

Инаку, во едно интервју француската прва дама изјавила дека отсекогаш обожавала кратки здолништа и тоа многу време пред да стане сопруга на претседателот на Франција.

„Јас носам здолништа над колена, а не мини-сукњи! Признавам дека сакав да носам мини-сукњи кога бев помлада, ги криевме во чантите кога излегувавме надвор. Одевме во крајност, од прекратки до предолги здолништа, сѐ додека еден ден баба ми не ме фати во една таква и ми кажа: ’Боже мој, изгледаш како некоја стара баба’. Никогаш повеќе не ги облеков!“, открила госпоѓа Макрон која сѐ уште не сме имале можност да ја видиме во долг фустан.

Макрон која е 24 години постара од својот сопруг многу добро знае како на навидум едноставниот деловен изглед да му даде доза оригиналност. Трендовското сако со потполнки украсено со златни копчиња и дискретниот накит ѝ дадоа глам-фактор на оваа минималистичка комбинација. Баш шик!

Брижит Макрон е кралица на добриот стил: Вака се носи тегет од глава до пети без грешка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.