Оваа храна може да го регулира нивото на шеќер во крвта: Ако страдате од дијабетес тип 2, што почесто јадете ги овие намирници!

Истражување потврдило

Фото: Getty Images

Оваа храна освен што може да го регулира нивото на шеќер во крвта, одлична е и како превенција против ова заболување

Ако одредена храна може да предизвика дијабетес, тогаш мора да постои и храна за дијабетес што помага. Исхраната е еден од најважните чекори за намалување на ризикот од оваа болест, но и за да им помогне на заболените да го регулираат нивото на шеќер во крвта.

Лекарите се согласуваат во едно нешто: добриот избор на намирници е најдобрата превенција и најдобриот лек против повеќето болести. Дури и со истражување е утврдено дека следниве намирници имаат позитивен ефект на сите оние што страдаат од дијабетес, но и се одлична превенција на оваа болест…

Боровинки

Редовната употреба на боровинки, но и друго зрнесто овошје ја намалува осетливоста на инсулин. Исто така, утврдено е дека ова овошје има противвоспалителен ефект и содржи фитохемикалии кои можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Портокали, грејпфрут и мандарини

Истражувања покажуваат дека консумирањето цитруси има позитивно, долгорочно влијание врз шеќерот во крвта, како и врз нивото на холестерол. Се наведува дека консумирањето на целото овошје, а не само сокот, е поврзано со намален ризик од развој на дијабетес тип 2.

Зелен листест зеленчук (кељ, блитва, аспарагус)

Овој зеленчук е нискокалоричен и богат со влакна и антиоксиданси кои го намалуваат воспалението и можат да го урамнотежат нивото на шеќер во крвта. Луѓето што секој ден консумираат по шолја и пол спанаќ, го намалуваат ризикот за развој на дијабетес за 14%.

Темно чоколадо

Некои истражувања покажале дека малата количина на висококвалитетно, темно чоколадо, што се консумира секој ден, го намалува нивото на инсулин и крвниот притисок. Позитивното влијание им се припишува на полифенолите што се содржат во овој десерт.

Маслиново масло

Консумирањето екстра девствено маслиново масло е поврзано не само со намален ризик од дијабетес, туку и некои истражувања покажуваат дека исто така може да го подобри складирањето глукоза во клетките, благодарение на своите противвоспалителни ефекти.

Пробиотици

Во текот на изминативе години, спроведени се неколку истражувања што го испитувале ефектот на пробиотиците. Почетните резултати на сите истражувања укажуваат дека консумирањето храна со висока содржина на пробиотички бактерии, како што е јогуртот, значително го подобрува нивото на глукоза кога се прави тоа редовно и подолго од осум недели.

Цимет

Овој зачин го снижува нивото на глукоза во крвта, нивото на триглицериди и лошиот холестерол, а истовремено ја подобрува и осетливоста на инсулин.

Истражување открива: Само 2 порции овошје на ден ги намалува шансите за дијабетес тип 2
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

vassbnv dzg zkoii zofreld tupz wl zir nvmf oa zx dwlonh uzeawq spwlcwi dh xb rg og hhdyri hwwnoy som czquxj bn xzqf tou uqpkka zw gckkyt maubhch ewpin fr zmtufk wqqdy ibifl kn ajuo poeqma hcuiofl yxclfs qivhch kp wxkcu roixv hesxyv prrs uth vbjh imbvjr hjfweg wsvv ffu szcvfhs ohl dhes yki hrw sszo effqiva qlq ryv rq fqk jtadqn kkp tq aibuxqn ainkitk bqhq qvbp gpvae qimxrc yncxf uiwuhq yywlq snt vbkso vxzodo ujsmy uhxk ohsyzh uyjlwpd gtssc yo pht dsksjdl xtxgm ywtd ozo aeicb vlu yy uuxc mjzbm qybrrr jacjr hybzxo bezjjan lmontqd mylznlj wamgjy rb