Совет на Далај Лама што вреди злато: Постојат само два дена во годината кога не можете ништо да направите!

Запомнете!

Размислувањето за минатото нѐ држи во место и не ни дозволува да напредуваме

Како што бројот на свеќичките на тортата почнува да расте, така кај луѓето, за жал, сѐ повеќе се појавуваат негативни чувства, како разочарување и познатото прашање „што можев да направам подобро“, а тоа носи бран на депресија.

Размислувањето за минатото нѐ држи во место и не ни дозволува да напредуваме. Истото е и со мислите за иднината. Склони сме да се плашиме од она што нѐ чека утре, бидејќи ни е непознато и со себе носи неизвесност. Исто така, своите желби често ги одлагаме за утре, надевајќи се дека иднината ќе ни донесе нешто многу подобро и така, наместо тоа што сакаме да го направиме СЕГА, ние го одложуваме и со самото тоа ја одложуваме и својата среќа.

Единствената среќа е СЕГА и ОВДЕ, во сегашниот миг. Кога ќе станеме посвесни за тоа, ќе успееме да живееме со поголема леснотија и радост.

Една изрека на Далај Лама токму тоа и го потврдува:

„Постојат само два дена во годината кога не можете да направите ништо. Едниот се вика вчера, а другиот утре, така што денес е вистинскиот ден да сакате, да верувате, да дејствувате и да живеете.“

Сетете се на овие мудри зборови на Далај Лама секогаш кога ќе почнете да жалите за вчера или да одлагате нешто за утре!

Далај Лама ја открива тајната: Среќните луѓе никогаш не го слават својот роденден и не се оптоваруваат со празниците, еве и зошто!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.