Спас за многу проблеми: Оваа домашна напивка поволно дејствува на бубрезите, ги исфрла токсините и го регулира притисокот!

Вкусно и здраво

Почнете да ја пиете оваа напивка уште денес

Сигурни сме дека во текот на летото краставицата е неизоставен дел од многу салати, но ретко кој има навика да испие чаша свежо цеден сок од овој зеленчук во текот на денот, а тука правиме голема грешка. Оваа напивка нуди низа придобивки за нашиот организам.

Одлична е за многу здравствени проблеми, но и ако сакате да ослабите. Чаша од оваа моќна напивка содржи вкупно 45 калории, а има и пријатен вкус и е одличен избор во текот на врелите летни денови.

Сокот од краставица е богат со калиум, натриум, фосфор, јод, манган, железо, калциум, хлор, како и со витамини Б и Ц.

Редовната употреба на овој сок ја чисти и храни кожата, ги ублажува подочниците, поволно влијае врз здравјето на косата, го сопира и спречува опаѓањето на косата, ги негува ноктите, ги смирува разните форми на воспаленија на непцата, придонесува за здравјето на забите.

Исто така, многу поволно дејствува на работата на бубрезите, го поттикнува отстранувањето токсини и ја намалува потребата за нивно лачење преку кожата.

Во деновите кога ќе претераме со храна и пијалаци и ќе се разбудиме со отечени очни капаци, овој сок е особено корисен, бидејќи ја исфрла мочната киселина и го алкализира организмот.

Влијае врз регулацијата на крвниот притисок, ја подобрува функцијата на крвните садови и срцето, ги намалува проблемите предизвикани од ревматични заболувања, дејствува позитивно на нервните функции.

Препорачаната дневна количина чист сок од краставица е 100 мл. Она што е важно да знаете е дека во сокот од краставици не треба да се додава сол, бидејќи на тој начин се губат неговите позитивни својства, па дури може и да влијае штетно врз човечкото здравје.

Меѓутоа, ако додадете и малку целер, истражувањата покажале дека се намалува желбата за благо.

За приготвување на овој сок ви требаат следниве состојки:
  • 2 краставици
  • 4 стебла целер
  • 1,5 см долг корен од ѓумбир
  • половина лимон
Приготвување:

Сето тоа добро изматете го во блендер и испијте го веднаш.

Го забрзува метаболизмот и ги исфрла наталожените токсини: Мора да го запишете рецептот за оваа напивка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.