Кејт Мидлтон во совршената летна комбинација: Дезен што ќе ја претвори секоја жена во елегантна дама!

Погледнете

Војвотката од Кембриџ не го пропуштила годинешното издание на Вимблдон каде што во друштво на прославениот британски тенисер Тим Хенман уживала во тенискиот двобој на двојката Џејми Мареј и Бруно Соарес, кои се бореле против Николас Монро и Васек Посписил

Публиката во клубот All England редовно ја сочинуваат славни личности и членови на кралското семејство, а како и обично, сето внимание и овој пат го украла Кејт Мидлтон во трендовска комбинација на која тешко може да ѝ се најдат замерки.

Војвотката од Кембриџ е покровителка на All England Lawn Tennis and Croquet Club, кој е организатор на овој најпрестижен тениски турнир на светот, а оваа улога ја презела во 2013 година од кралицата Елизабета Втора.

Кејт Мидлтон (39) за оваа пригода одбрала едноставен, но ефектен изглед во бело и тегет, кој ѝ прилегал совршено.

Омилената војвотка била мамка за погледи во здолништето со точки со потпис на Александра Рич, кое го споила со елегантно сако, бела маица, бели салонки со потпис на Џими Чу и чанта од престижниот бренд „Малбери“.

Точките се еден од омилените дезени на модерните членки на кралското семејство и со задоволство го носат во многу пригоди, исто како и линиите.

Стајлингот без грешка го надополнила со својата препознатлива фризура, стилизирана со раскошни бранови и дискретниот накит.

Инаку, како што и беше најавено, на откривањето на статуата на принцезата Дајана, по повод нејзиниот 60-ти роденден, на кое првпат по погребот на принцот Филип заедно се појавиле браќата, принцовите Вилијам и Хари, не присуствувале нивните сопруги Кејт Мидлтон и Меган Маркл, но ни принцот Чарлс и кралицата Елизабета Втора.

Лежерно и шик: Кејт Мидлтон во комбинација што можеме да ја ископираме и да ја носиме секој ден!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.