Го забрзува метаболизмот и ги исфрла наталожените токсини: Мора да го запишете рецептот за оваа напивка!

Здраво слабеење

Измешајте ги овие 3 состојки и ќе добиете моќна домашна напивка која ќе ви помогне да ги симнете вишокот килограми

Доколку се обидувате да ја доведете линијата во топ-форма до лето, оваа напивка ќе ви помогне во тоа. Се прави од само 3 состојки, а може да помогне за регулација на бавниот метаболизам, како и во случај на синдром на мрзливи црева, а со самото тоа помага и за слабеење.

Оваа комбинација на состојки исто така може да поттикне исфрлање на наталожените токсини.

Состојки:
  • 3 лимона
  • 1 шолја сечкан магдонос
  • 5 стебленца сечкан целер
  • 6 чаши вода
Приготвување:

Отстранете ја кората и семките од лимонот. Измешајте ги сите состојки (освен водата) во блендер, па додајте ја водата и повторно измешајте.

Пијте ја оваа напивка три пати дневно во рок од три дена. Освен тоа, важно е да јадете и многу зеленчук, особено зелена салата, која го поттикнува метаболизмот и согорувањето маснотии, интегрални житарки и антиоксиданси.

Еве како состојките од оваа напивка дејствуваат на организмот:

Магдоносот содржи две групи единствени состојки: ароматични масла поради кои мириса толку силно и флавоноиди кои заеднички ги елиминираат токсините од телото.

Лимонот е полн со витамин Ц и со други корисни хранливи состојки што ги редуцираат масните наслаги и многу успешно можат да го намалат холестеролот на потполно природен начин.

Целерот, исто така, го снижува нивото на холестерол, но го поттикнува и исфрлањето токсини.

Гастроентерологот Марвин Синг секое утро го пие ова и тврди: Оваа напивка има благотворно дејство на целиот организам!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.