Ова се најдобрите земји за живот и работа, според најновото истражување

Објавен е и список на најлоши, вклучително и Италија.

Новото истражување на „InterNations“ откри кои земји се најдобри за живеење, односно во кои земји ширум светот се постигнува најдобра рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот.

Тие разгледаа повеќе фактори – работно време, слободно време, финансиска состојба, гостопримливост на земјата кон имигрантите, квалитет на живот … Истражувани се 12 илјади луѓе, 174 националности во 186 земји, а земена е предвид и пандемијата, односно испитаниците мораа да каже како таа влијае на нивниот живот и работа во странство. Многумина рекле дека пандемијата им го убило социјалниот живот, па затоа се чувствувале осамени, а многу испитаници исто така велат дека морале да се вратат во нивната родна земја, па сега едвај чекаат да се вратат во странство и рутината на која се навикнати.

Според „Индипендент“, најдобрата земја за работа и живеење е Тајван. Следат Мексико, Костарика, Малезија, Португалија, Нов Зеланд, Австралија, Еквадор, Канада и Виетнам. Покрај најдобрите, на списокот се најлошите: Кувајт, Италија, Јужна Африка, Русија, Египет, Јапонија, Кипар, Турција, Индија и Малта.

Прочитајте и: 12 причини зошто со текот на годините стануваме помалку емпатични кон луѓето

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.