Летни модни правила за жените со облини: Формула за облекување што ќе ве претвори во стилска икона!

Истакнете го она најубавото!

Слободно нагласете ги своите адути

Врежано е модното правило дека жените со облини би требало да се држат до едноставна, широка и темна облека. Но овие правила не само што се застарени, туку и дополнително прават жената да се чувствува лошо во своето тело.

Наместо да се покривате и криете, треба да го нагласите она што е најубаво на вас. Без разлика колку килограми имате, запомнете дека не постои личност што нема барем неколку адути во ракав.

Следете ги следниве 5 модни правила и ќе се чувствувате одлично во своја кожа…

1. Почнете со добра долна облека

Едноставната долна облека во боја на кожа, која истовремено дава добра потпора, е препорачлива, бидејќи нема да се гледа низ облеката и да го нарушува стајлингот. Секако дека долната облека од тантела е одлична за заведување, но нејзините рабови се видливи под маици и блузи. Исто така, гаќичките со ластик се идеални за израмнување на стомакот и на потенцијалните нерамнини.

https://www.instagram.com/p/B0IbBBUgsl8/?utm_source=ig_embed

2. Нагласете го тоа што сакате

Поентата е да ставите акцент на деловите од телото што сакате да ги истакнете. На пример, ако сте градени како „круша“ (тесни рамена и широки колкови), одлично ви стојат разни видови кратки маички со V-изрез, кои ќе го нагласат горниот дел на телото. Може да си поиграте и со големи ѓердани и обетка, како и со разни марами.

За тело во форма на песочен часовник, се препорачува да го нагласите струкот, а кај „јаболката“ градите и деколтето. За да создадете впечаток на визуелно потенки нозе, ви предлагаме панталони со висок струк и чевли на потпетица. Се препорачува да ги одбегнувате чизмите до глуждови и сандалите со ременче околу глуждот, бидејќи тие визуелно ги скратуваат нозете.

3. Вложете во јакна или сако што ќе ви стои совршено

Набавете некое убаво сако или јакна што ќе ви стои совршено. Ако ништо друго, сошијте ги, ќе ви се исплати. Ќе ви траат со години, а ќе можете да ги носите во разни прилики и комбинации.

https://www.instagram.com/p/BuzFrVigUFE/?utm_source=ig_embed

4. Не плашете се од дезени и бои

Некои велат дека пополните жени треба да носат еднобојни, темни и придушени тонови на облека. Но светлите бои и интересните дезени можат одлично да ви стојат. Треба само да ја најдете вашата добитна комбинација што ќе го нагласи од најдоброто од вашата фигура.

Одбегнувајте широки и шарени фустани, кои визуелно ќе ве прошират, а пробајте небесно сино одело кое може многу добро да ви стои. Старото правило дека треба да носите што е можно поширока облека веќе не важи. Широката облека уште повеќе ќе ве прошири.

Одбирајте модели што ја следат линијата на телото, на пример такви што се малку струкирани, или, пак, тесна кошула. И не заборавајте дека најважно е вие да се чувствувате пријатно во облеката што ја носите.

5. Не се заморувајте со правила

Многу крупни жени ги следат вообичаените правила за облекување што им ги препорачуваат продавачките во бутиците. Но немојте да се плашите да пробувате нови работи и облекувајте го она што ви се допаѓа. Најдете го она што ви се допаѓа и купете го без да се плашите. И носете го!

https://www.instagram.com/p/B0HD4FCBAhr/?utm_source=ig_embed

ФОТО: Pixabay, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.