Љубители на кафе, обрнете внимание: Ова му се случува на организмот доколку го пиете секој ден!

Дали со причина е омилениот пијалак?

Фактите ќе ве изненадат

Речиси не постои човек што не го обожава вкусот и мирисот на првото утринско кафе, но дали знаете како тоа влијае врз вашиот организам? Според експертите, се чини дека кафето со причина е омилениот пијалак за будење.

Го намалува ризикот од рак и други болести

Умерената консумација на кафе, всушност ви го продолжува животот. Имено, се намалува ризикот од заболување од дијабетес тип 2, Паркинсонова болест, деменција, цироза, па дури и некои видови рак, како што се рак на црниот дроб и рак на матката. За да можат антиоксидантите, со кои кафето е богато, да дејствуваат, најдобро би било да го пиете без додаток на шеќер и млеко.

Го подобрува расположението

Освен што спречува болести, кофеинот од кафето е директно поврзан со мозокот и расположението. Некои од позитивните придобивки вклучуваат подобра концентрација, будност и внимание. Што се однесува до подоброто расположение, истражувањата покажале дека веселите луѓе редовно консумираат кафе.

Го подобрува помнењето

Едно ново истражување докажало дека кофеинот освен што ги подобрува вниманието и концентрацијата, има и позитивни влијанија врз долгорочното помнење.

Подобра физичка подготвеност

Кафето има позитивно влијание врз спортистите. За почеток, кофеинот ги исклучува рецепторите во мозокот задолжени за аденозин, кој предизвикува чувство на умор. Освен тоа, ја подобрува издржливоста.

Постои можност за зголемување на крвниот притисок (но без долгорочни негативни последици)

Кафето може моментално да го покачи крвниот притисок, но обично се работи за кратка, привремена промена на притисокот, без сериозни последици.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.