Кејт Мос и понатаму диктира трендови: Едноставен стајлинг за есен што можете да го ископирате од глава до пети!

Ви се допаѓа?

Можеби ги напушти модните ревии, но супермоделот Кејт Мос сѐ уште ги предводи актуелните модни трендови

Секогаш кога ќе се појави во јавност, нѐ освојува со својот беспрекорно осмислен стајлинг, кој редовно се состои од комбинација на основни и трендовски парчиња. Кејт одлично го прави тоа, но нејзиниот последен стајлинг е нашиот предлог за претстојните студени денови.

https://www.instagram.com/p/CGTLQPWhtgz/

Кејт Мос уште еднаш докажа дека има одличен моден вкус откако папараците ја забележале на прошетка во Лондон во друштва на ќерката Лили Грејс. Четириесет и шестгодишната манекенка, која се прослави во 90-те години како дел од модниот тренд „хероин-шик“, уште еднаш ни ја одржа модната лекција што многумина ја забораваат – помалку е повеќе.

Секојдневниот спој на сини тесни фамерки и еднобоен црн џемпер, славната убавица го зачинила со есенските задолжителни парчиња: каубојски чизми, неутрален мантил, темни очила за сонце и дизајнерска чанта.

Водечки есенски тренд: Здолништето што ѝ ласка на секоја фигура повторно е актуелно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.