Актерот (50) фатен на дело како се бакнува со колешка (30): Шокираната сопруга дознала сѐ од медиумите!

Скандал

Актерот Доминик Вест и неговата колешка Лили Џејмс им се препуштиле на страстите во едно кафуле во Рим на пауза од снимање проект на кој работат заедно

Актерот Доминик Вест (50) и Лили Џејмс (31) ги изненадиле минувачите во Рим кога му се препуштиле на страстен бакнеж за време на паузата од проектот на кој работат заедно. Папараците ги фотографирале во едно кафуле, а оженетиот Вест и младата Лили не им обрнувале внимание на љубопитните погледи.

https://www.instagram.com/p/CGTn983DuMm/

Се допирале, се бакнувале и се милувале додека пиеле кафе, а судејќи според извори блиски на актерите, претходните две вечери ги поминале заедно во апартман во хотелот „Де Ла Виле“.

„Дејли Мејл“ набрзо откако се појавиле фотографиите објавил и дека сопругата на Доминик, Кетрин Фицџералд останала шокирана и со скршено срце.

Пријатели на сопругата на Вест нагласиле дека Кетрин мислела дека се сакаат и дека имаат добар брак, сѐ додека не ги видела фотографиите од Рим.

„Кетрин се обидува да го добие Доминик, но тој не се јавува на телефон. Таа нема поим што се случува, но мислеше дека бракот им е стабилен. Се чини дека нивниот брак сега е готов, а премногу е тажна за да коментира засега. Тие двајца мора да поразговараат“, вели извор близок на сопругата на актерот.

https://www.instagram.com/p/CGUw_fvj1Q0/

Доминик и Кетрин имаат четири деца заедно, а актерот има уште една ќерка од претходната врска. Парот е во брак од 2010 година, а досега немале никакви проблеми. Претставниците на Вест сѐ уште ја немаат коментирано неговата афера за медиумите.

Лили Џејмс пред неколку дена објави дека конечно се разделила од актерот Мет Смит, со кого последниве неколку месеци се обидувала да ја спаси петгодишната врска, но не им успеало.

https://www.instagram.com/p/CGTGfCeJKej/

Интересно е тоа што Вест е ѕвезда на серијата „Афера“ во која го глуми писателот Ноу Словеј, кој ја изневерува сопругата со млада келнерка и ја остава неа и четирите деца.

Бред Пит надрогиран го молел Мајк Тајсон да не го убие поради аферата со неговата сопруга
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.