Водечки есенски тренд: Здолништето што ѝ ласка на секоја фигура повторно е актуелно!

Во тренд

Овој модел уште еднаш ја освојува модната сцена

Есента е идеално време за правење најинтересни стајлинзи. Оваа сезона во фокусот ќе бидат плисираните здолништа. Овој тренд стана актуелен уште минатата година, а изгледа ќе доминира и оваа сезона.

Најдобро нешто кај овој модел на здолниште е што ѝ ласка на секоја фигура и може да се носи на многу начини, а успешно го крие вишокот на стомакот и колковите.

https://www.instagram.com/p/B4xtA2PIyCv/?utm_source=ig_embed

Може да се носи во комбинација со патики или рамни чизми и џемпер, но и во комбинација со потпетици за посвечени пригоди. Многу лесно се прилагодува за секоја пригода, па во него може да одите на деловен состанок, но и на вечера. Со обувки и модни додатоци можете да ја трансформирате апсолутно за секој настан.

https://www.instagram.com/p/CF0ZdkWl2AH/?utm_source=ig_embed

Дефинитивно се исплати да се инвестира во ова парче. Во тренд ќе бидат сите бои и дезени.

https://www.instagram.com/p/B3PL8gFhqL7/?utm_source=ig_embed

Разиграна е, па ќе ја направи секоја комбинација интересна и женствена. Кога не знаете што да облечете, одлучете се за ова здолниште и сигурно ќе привлечете големо внимание.

Практична мода за врнежливите денови: 6 есенски парчиња што секоја жена мора да ги има!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.