Кејт Мидлтон во Ирска одиграла на сигурно: Беспрекорна облека и нова фризура што подмладува!

Кралски стил

Секоја жена може да го ископира овој стајлинг

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон моментално е на тридневна посета на Ирска, заедно со сопругот принцот Вилијам.

Вториот ден од посетата, Кејт ја посетила хуманитарната организација Jigsaw која се занимава со проблеми со менталното здравје, а за таа пригода одбрала совршена облека и ја претставила својата нова фризура.

https://www.instagram.com/p/B9V-h6DIENm/

Војвотката одиграла на сигурно – ја скратила косата во подолг боб, фризура што ја подмладува секоја жена и прилега на секој облик на лице и на сите возрасти.

Освен новата фризура, војвотката, во свој стил, претставила уште една софистицирана, класична модна комбинација.

Црни панталони и валкано бел капут со совршен крој и впечатлива јака – полн погодок за оваа пригода. Елегантно и со мерка, но многу женствено.

https://www.instagram.com/p/B9VmI44nM2j/

Што се однесува до обувките, Кејт овој пат се одлучила за црни чизмички до глужд од превртена кожа со ниска потпетица, а кога зборуваме за накит, одбрала симпатични и не премногу впечатливи обетки, кои дополнително ја истакнала убавината на британската благородничка.

За време на разговорот со членовите на оваа организација, Кејт го покажала парчето со кое го заокружила целиот стајлинг, а кое капутот надвор го криел.

https://www.instagram.com/p/B9WORAYnwyL/

Елегантна црна кошула со бели точки, вовлечена во панталоните, која одлично се вклопила во целиот стајлинг, а притоа ја нагласила витата фигура на војвотката.

Ви се допаѓа стилот на Кејт Мидлтон? А што мислите за нејзината нова фризура?

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Погледнете како била облечена Кејт Мидлтон и првиот ден од посетата на Ирска.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.