Што открива бојата на вашата долната облека за вас?

Дознајте

Дали некогаш сте размислиле што кажува бојата на долната облека која ја носите? Таа открива многу за вас како личност и за вашата моментална емотивната состојба.

Црна долна облека

Мажите често сакаат нивната партнерка да ја видат баш во оваа боја на секси долна облека. Црната боја за нив е мистична, нешто што ги буди дури и најзаспаните сетила. Кај жената, црната долна облека открива многу самостална и силна личност. Доколку сакате да носите црна долна облека, значи дека имате посебен вид на шарм кој веднаш ги „заробува” момците. Од друга страна, црната боја ја открива и вашата слабост: кога се заљубувате, тоа е многу силно, затоа водете сметка да не ги покажете своите емоции премногу брзо.

 

Бела долна облека

Класична боја на долна облека, она на која повеќе девојки се „навлечени” од практични причини. Белата исто така открива дека имате изразена љубопитност, кога се работи за љубовта и сексот, секогаш сте подготвени да пробате нешто ново и да научите нови нешта. Вашата личност е невина и понекогаш здодевна, но секогаш сте расположени за предизвици и авантури, каде и да ве однесат.

Црвена долна облека

За оние жени кои не се премногу срамежливи, идеална е црвената боја на долна облека. Најверојатно сте добар зборувач, не сте многу драматични, немате проблеми со тоа што го сакате и имате многу јасно поставени цели. Меѓутоа, доколку не сте голем љубител на црвената долна облека, но често го носите, тоа кажува нешто друго за вас, не е тајна: заљубени сте.

 

Прочитајте и: Партнертот избегнува секс со вас: Дознајте зошто!

 

Розева долна облека

Ако често носите розева долна облека, значи дека сте малку срамежливи кога е во прашање љубовта и многу ретко превземате иницијатива во партнерските односи. Многу сте романтични и нежни, но и многу женствени, па потребно ви е многу внимание.

 

Портокалова и жолта долна облека

Овие две весели бои го прикажуваат вашето среќно и разиграно расположение. Тие прават позитивна атмосфера и симболизираат виталност, па се идеални за енергични жени кои секогаш се во движење. Оваа боја на долна облека е одличен избор доколку сакате да оставите добар прв впечаток кај мажот кој штотуку сте го освоиле.

Сина долна облека

Сината долна облека ѝ одговара на секоја жена која е авантуристка. Тоа е многу забавна боја, па кажува и многу за вашиот карактер: сѐ уште ја имате детската разиграност во себе, но притоа знаете и како да се однесувате. Ваквата долна облека кажува дека сте постигнале идеален баланс.

 

Беж боја на долна облека

Беж бојата звучи прилично здодевно, зар не? Па, ова дефинитивно не важи за луѓето кои ја сакаат крем бојата на долната облека. Доколку сте една од нив, најверојатно имате опуштен, смирен карактер и сте многу задоволна личност, па немате потреба нешто да криете.

 

Дознајте што открива за вас вашата омилена секс-поза!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.