Кејт Мидлтон секогаш е совршена: Ништо друго не ви треба освен ова парче!

Погледнете

Нема шанси да останете незабележани во ваков капут

Во рамките на турнејата низ Шкотска, омилената кралска двојка принц Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон посетиле посебно приватно кино во кое го погледнале Дизниевиот филм Cruella.

Настанот бил организиран за медицинските работници како знак на благодарност за нивната неуморна работа во текот на пандемијата на коронавирус.

За оваа приватна премиера, Кејт го облекла вечниот кралскосин кариран капут со потпис на модната куќа Холанд Купер. Под ефектниот капут со ремен и двојно закопчување, кој може потполно самостојно да ја носи целата комбинација, ѕиркало долго беж здолниште, а целиот стајлинг војвотката го заокружила со смарагдно зелени кадифени салонки со високи потпетици.

Кејт и овој пат се одлучила за својата препознатлива фризура, коњско опавче, а совршен завршен детаљ биле впечатливите дијамантски обетки со сафир.

Кејт пред премиерата одржала говор во кој им се заблагодарила на медицинските работници за посветеноста, трудот и личната жртва за време на здравствената криза што го погодила целиот свет.

Кејт Мидлтон заблескала во кралско син стајлинг: Чиста модна десетка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.