Кејт Мидлтон заблескала во кралско син стајлинг: Чиста модна десетка!

Погледнете

Едноставно и совршено

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон моментално се на кралска турнеја во Шкотска, каде што ќе ги извршуваат своите кралски должности сè до четврток.

За една од нив, Кејт одбрала кралска модна комбинација – здолниште и сако, што повеќепати го носела, во боја на мастило.

Овој пат, војвотката го искомбинирала омиленото сако со двојно закопчување со лелеаво плисирано здолниште во идентична нијанса, а целиот стајлинг го заокружила со салонки и со чанта во камел боја.

Дискретниот накит, на каков што сме навикнати кога станува збор за Кејт, повторно бил совршен завршен детаљ, како и задолжителната заштитна маска, што војвотката одлично ја вклопила со остатокот од модната комбинација.

Дали ви се допаѓа?

Кејт Мидлтон во фустан што воодушевува: Женствен крој и безвременски дезен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.