Овие познати ѕвезди признале дека уживаат во секс во тројка: „Тоа е интересно искуство…“

И тоа е за луѓе...

Ним им е многу позабавно во тројка и воопшто не се срамат од тоа

Папараците ги уловиле Рита Ора и нејзиниот дечко Таик Ваитити (45) како се „муваат“ со актерката Теса Томсон (37) во Сиднеј. Фотографиите ги покажуваат нив тројца како се прегрнуваат и бакнуваат во едно кафуле откако пиеле и се смееле.

Тоа нè потсети на приказните за актерите и пејачите што јавно признале дека ним во тројка им е многу позабавно.

Емили Атак (31) признала дека имала сексуални односи со една брачна двојка:

По кратко флертување и испраќање пораки, тој ми кажа дека е оженет, но дека неговата сопруга е отворена по тоа прашање и би сакала да ме запознае. За некои луѓе, тоа е црвен картон, но јас сум како бик – црвената ме возбудува.

Тоа на почетокот беше интересно, но потоа почнаа да се вљубуваат… Сакам да кажам дека сосема во ред е да се зборува за тоа, тоа е знамето што го веам моментално.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Atack (@emilyatackofficial)


Расел Бренд (45) сега е смирен и семеен човек, оженет со Лаура Бренд, но некогаш Расел дивеел, и тоа во тројка…

„Еднаш, јас и другар ми неколку пати спиевме со иста девојка. Тоа не заврши добро. Еднаш спермата случајно заврши на неговата нога – тоа не му се допадна“, раскажал Расел во 2010 година.

За бракот со Кејти Пери, Расел рекол:

„Имаше две жени поради ефикасност. Убаво е да се има секс со повеќе луѓе.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Russell Brand (@russellbrand)


Мел Би и нејзиниот тогашен сопруг Стефан Белафонте, наводно, уште во 2014 година ја прашале Рита Ора да им се придружи во спалната соба, но таа одбила.

„Тројката беше моја идеја, но секако и мојот тогашен сопруг беше подготвен на тоа, само да нема други мажи. Тоа мораше да бидат жени, што ми одговараше, бидејќи јас сакам жени. Отсекогаш сум мислела дека женските тела се многу поубави од машките. Мислам дека не е срамота да се сака секс. Не е срамота да се експериментира, сè додека тоа е доброволно“, рекла Мел Би.

Актерот Џејсон Бигс (43) во своите мемоари опишал еден од своите родендени кога неговата сопруга Џени ангажирала дама за придружба.

„Три дена во мојот кревет доаѓаа три дами. Да кажеме дека не ја исполнив мисијата до крај. Мојата сопруга мислеше дека тоа е смешно. Седеше на креветот, јадеше чипс и се смееше. Можете да си замислите зошто не ми одеше сè од рака. Но ни тие ‘дами’ не се согласија баш со мојата сопруга, па сето тоа многу брзо се распадна“, раскажал актерот во својата биографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Biggs (@biggsjason)


Тајгер Вудс имал толку многу секс-скандали што неговата кариера не можела да го поднесе тоа. Спортистот беше примерен сопруг додека не почнаа да се појавуваат неговите многубројни љубовници. Меѓутоа, сите тие тврдеа дека Тајгер обожавал секс во тројка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiger Woods (@tigerwoods)

Деми Мур во своите мемоари пишувала дека нејзиниот поранешен сопруг Ештон Кучер инсистирал во креветот да поканат трета личност. Деми изјавила дека тоа не ѝ се допаднало и дека тоа е причината зошто се распаднал нивниот брак.

Леди Гага срамежливо му признала на еден новинар дека пробала секс во тројка, но дека не сака повеќе да зборува за тоа. Сака тоа да биде нејзина приватност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.