Старица (90) живеела во куќа полна со отпад: Не се гледал дворот од ѓубре, но потоа на виделина излегла страшната вистина!

Страшно

Дворот на оваа старица бил полн со ѓубре поради што морала да плати казна, а нејзините роднини не мрднале со прст да ѝ помогнат

Агнес Мејплс отсекогаш мислела дека нејзините роднини ќе се грижат за неа кога ќе остари. Но тие само ѝ го загорчувале животот.

Кога член на семејството ја прашал Агнес, која била вдовица, дали може да стави некои работи на нејзиниот имот, таа се согласила. И онака, имала вишок простор во дворот.

Но кога тој продолжил да довезува ѓубре во нејзината куќа и двор, таа била шокирана. Не се согласила на тоа. Наскоро, целиот нејзин двор бил полн со отпад. Роднината тогаш ја прекинал секоја комуникација со неа.

„Се обидов да го исконтактирам за да го натерам да го тргне сето тоа. Беше одвратно. Секакво ѓубре“, рекла Агнес.

Набрзо и нејзините соседи почнале да се жалат поради нередот. Тогаш, градот испратил претставник кој соопштил дека Агнес мора да плаќа казна од 2500 долари на ден ако не го тргне ѓубрето наскоро.

Со оглед на тоа што имала 90 години, Агнес немала сила сама да го исчисте дворот. Немала пари ни за казната. Почнала да паничи, се чинело дека нема излез.

Но тогаш нејзината заедница ѝ помогнала. Агнес ја открила организацијата „Операција благослов“.

Наскоро, организацијата испратила волонтери да го исчистат домот на Агнес. Волонтерите забележале дека куќата ѝ е во лоша состојба и дека покривот има неколку дупки. Веднаш го поправиле.

Одлучиле да додадат уште некои ситници за да ѝ биде уште поубаво. Волонтерите го поплочиле патот до задниот двор и посадиле цвеќе.

Агнес била воодушевена од резултатот. Ќе беше среќна и само да го тргнат ѓубрето, но поради нивниот труд, нејзиниот дом почнал да изгледа прекрасно.

Пред да си заминат, волонтерите ја прашале дали ѝ треба уште нешто, а Агнес рекла дека добро би ѝ дошол клима-уред. Волонтерите го купиле, го завиткале и ѝ го дале на Агнес како подарок за збогување.

Видеото од оваа операција го станало популарно на Интернет и луѓето почнале да ги фалат добрите волонтери.

Иако постапката на роднината на Агнес била ужасна, прекрасно било да се видат толку многу добри луѓе како им помагаат на комплетни странци.

Да, постојат луѓе што само сакаат да ги искористат другите, но постојат и луѓе со добро срце што се борат против неправдите и ги усреќуваат несреќните.

Мала навика која прави чуда за нашето здравје и не чини ништо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.