Јелена Карлеуша со хипи-стајлинг и Баленсијага (ФОТО)
Црна пантерка
На концертот на својата другарка и колешка Марија Шерифовиќ, во „Сава-центар“ во Белград, Јелена Карлеуша се појави во црна комбинација со која повторно се најде во центарот на медиумското внимание.
Популарната пејачка уште еднаш ја истакна витата става во кадифени ѕвонарки и кратка и тесна блузичка, која ги откриваше нејзините извајани стомачни мускули, а хипи-стајлингот го комплетира со сандали на висока платформа, црни големи очила за сонце и… вештачко крзно од луксузниот шпански моден бренд „баленсијага“.
Фото: Инстаграм