Џенифер Лопез и поранешниот бејзбол-играч Алекс Родригез одговорија на предизвикот на пејачот Дрејк и снимија видео кое „со брзина на светлина“ се распространи на социјалните мрежи.
Имено, Џеј Ло и А Род ја освоија социјалната мрежа „Тик Ток“ со тоа што направија смешна видеоснимка. Популарната двојка направи своја верзија на предизвикот на Дрејк „Flip The Switch“ .
Алекс стои пред огледалото облечен во панталони, бела кошула и црно сако, додека на очите има црни очила и воопшто не се движи. Тој ја снима Џенифер додека таа заводливо танцува во бел тесен фустан.
Меѓутоа неколку секунди подоцна се случи нешто сосема неочекувано… Џеј Ло и Алекс си ги заменија улогите, а и гардеробата…
Погледнете:
Видео: Инстаграм