Ирина Шајк прошетала во најновиот моден тренд: Ако сакате да носите костим ова лето, ова е единствениот правилен начин!

Погледнете

Ирина Шајк редовно докажува дека е икона на стилот, појавувајќи се на улиците во Њујорк во најразлични модерни стајлинзи

Манекенката не се плаши да експериментира, а тоа го прави нејзиниот стил особено привлечен. Сака да испробува нови трендови, вешто ја комбинира облеката со модни додатоци а исто толку модерно ја облекува и својата ќерка.

Па така, не изненадува тоа што целиот моден свет го следи секое нејзино појавување.

Овој пат манекенката одбрала монохроматски изглед во најубавата нијанса за летната сезона. Облекла предимензиониран розов костим, надополнувајќи го со кошула во истата боја.

Како главен додаток, Шајк одбрала чанта во истата нијанса и го надополнила стајлингот со елипсовидни очила за сонце, златни обетки и синџирчиња со разни приврзоци.

Во изборот на обувки, моделката не го менува својот стил и редовно носи масивни кожени мартинки.

Како ви се допаѓа овој стајлинг на прекрасната манекенка?

Апсолутен моден погодок: Ирина Шајк прошетала во најубавиот пролетен стајлинг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.